Регионалниот пат кој води до населеното место Мариово, во понеделник беше затворен за тешки товарни возила, а останатите учесници во сообраќајот возеа многу внимателно, бидејќи поројните дождови кои направиле свлечиште.
Подрачното одделеније на „Македонија пат“, пртеставници од ЕВН, прилепскиот градоначалник Марјан Ристески и останатите надлежни служби, излегоа на терен за да ги увидат веќе напавените штети.
Од подрачното одделеније на „Македонија пат“ посочија дека проблемот мора веднаш да се реши и да се интервенира со тампонирање на местата на патот каде е појавено свлечиште со поголем обем.
Службата, исто така, апелираше на внимателно возење и почитување на сообраќајните правила.