Внимавајте: Во баноматите има смртоносни хемикалии


Научници откриле дека земањето потврда од банкомат претставува изложување на бисфенол А (БПА) . За производство на хартија за вакви потврди се користи термичка хартија или хартија што реагира на температура и при подолго задржување раката ја менува бојата.

bankИстражувачите откриле дека оние кои околу два часа дневно се во контакт со ваква хартија имат зголемена концентрација на  бисфенол А во урината. Но лицата кои користат ракавици при контактот немале промена на БПА во урината.

Од порано изложеноста на БПА е поврзувана со здравствени проблеми како негативно влијание на репродуктивната функција кај возрасни и развој на мозокот кај децата. БПА се користи во тврда пластика како што се оние во детските шишиња и конзервирана храна, но , исто така, може да се користи за производство на  хартија.

Тенкиот слојна површината на хартијата која е осетлива на топлина по контакт може лесно да се пренесе на кожата, е објавено во списанието JAMA . Во истражувањето на оваа тема биле вклучени 24 волонтери од кои биле земени примероци од урина пред и после ракување со термичка хартија – еден дел со и еден без ракавици. Научниците откриле БПА во 83 проценти од примероците пред истражувањето, а по ракување со оваа хартија кај доброволците без ракавици имало присуството на БПА во урината кај 100 отсто од примероците, пренесува Daily Mail.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1