Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ апелираат до граѓаните коишто планираат денес за 1 Мај и деновите од продолжениот викенд да го поминат во природа, особено на местата како што се: Парк –шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и други излетнички места, да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпад
Воедно од таму ги информираат граѓаните дека екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување.
Исто така, тие ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини и потсетуваат дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.