По сите спектакуларни приказни за Јосип Броз Тито, на неговата внука Саша Броз и пукна филмот, па напиша подолг ФБ статус за својот славен дедо.
Одговарајќи на тезите на Давор Домазет Лошо, воен разузнавач на ЈНА, изнесени во книгата за покојниот претседател на СФРЈ, Титовата внука Саша Броз, меѓу другото изнесе дека Тито бил жена.
Испровоцирана од податоците објавени во книгата дека Тито бил син на хрватска слугинка и виенски благородник, на Фејсбук напишала:
„Почитуван другар Лошо, во врска со потеклото на дедо, а со тоа и моето, понизно ви ги упатувам следниве информации, се надевам дека ќе му бидат во корист на вашиот нов книжевен хит Вистина е дека Тито не беше Тито, но не ја погодивте комбинацијата. Дедо беше посвоено дете на на полнокрвна Колумбијка и наследникот на кралот Карло Дваесет и петти. Така велат црковните книги. Постојат, господине Лошо, и други показатели кои велат дека, всушност, бил жена. Жена со мадиња! Ова тврдење не ми е мило, зашто директно го доведува во прашање мојот идентитет”. Саша навела дека баба ѝ ѝ раскажувала дека „дедо во младоста изгледал како припадник на црната раса”, но дека тоа е многу необично, со оглед на тоа што родителите му биле Ариевци.
Освен ова, очигледно ногу лутата Саша му порачала на Домазет дека „кога веќе толку добро го познава Тито, дали знае дека ништо освен цигарите не носел сам”. „Ретко имаше запалка. Веројатно се плашеа да не самозапали, па да не може да го продолжи митот. Без главниот јунак нема митологија…” завршува Саша.
На крајот му препорачува:
„Вам, почитуван господине Лошо, од срце ви посакувам успех со книгата, а за сите оние кои јавно тресат глупости, а не знаат дека тресат глупости, еве ексклузива за некој нов книжевен бестселер: вистинското име на Тито е Хуан Мануел Маркез фон Симнете Ми Се Аман Веќе”.
ЗаСе.мк