Во 15 часот пресуда – ќе му плати ли Заев оштета на Груевски


Денеска во 15 часот е закажана објавата на пресудата во процесот во кој премиерот Никола Груевски го тужи лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, за клеветаи навреда.

zaev sudenje 2Адвокатот на премиерот, Никола Додовски, побара судот да донесе конечна пресуда и за изнесените клевета и навреда тужениот Заев, да плати 50.000 евра во рок од 15 дена од донесување на пресудата, плус судските трошоци. Додовски во завршните зборови денеска наведе дека Заев на прес конференциите на кои зборувал за случајот „Македонска банка“ го навредил премиерот, а во текот на судската постапка не само што не докажал, туку не се ни обидел да ги докаже тезите кои тогаш ги тврдел.

Адвокатот на Заев, Филип Медарски, кој го предводеше адвокатскиот тим на Заев, поабра од судот тужбата на премиерот да се одбие бидејќи, како што рече, Заев на прес конференциите говорел со политичко изразување и сакал да отвори политичка дебата меѓу него, како лидер на СДСМ и неговиот сегашен тужител, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер.

Медарски нагласи дека побарувањето од 50.000 евра од тужителот е астрономска сума и нестандардно за овој суд. Тој апелираше да не се земе предвид исказот на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини, за кој, како што рече, пред судот се појавил како сведок само на едната страна, а претходно бил предложен како сведок во корелација со другите докази и одбиената аудио снимка.

ПлусИнфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1