На нашата планета не и се заканува опасност од удар на голем астроид, но проблем би можел да биде астероидот „Аpofis“, кој на блиско растојание од Земјата би требало да прелета на 13 април 2029 година.
„Apofis“ е близок астероид со таканаречените NEO астероиди. Секои седум години, поминува покрај нашата планета“, објаснува професор доктор Милан Чирковиќ, научен советник од Астрономската опсерваторија во Белград. Отстранета е секоја можност да од 2029 година „Apofis“ удри во Земјата. И веројатноста да тоа се случи во 2036 година, сега е намалена на 1:1,000,000.
Оваа година нас не очекуваат две блиски средби со мали тела во Сончевиот систем. 10 март ќе биде можно да се набљудува комета која ќе мине на блиско растојание од Земјата, а потоа на 29 ноември и минување на кометата INOS, најсјајната комета видена од Земјата во последните 100 години.
За катастрофалните астероиди се уште се кршат научни копја, а се стига далеку во минатото.
Се проценува дека пред 65 милиони години, астероид удрил во Земјата со сила која била милијарда пати посилна од атомската бомба фрлена на Хирошима.
Огромниот астероид, кој удрил во Земјата на подрачјето на денешно Мексико предизвикал нуклеарна зима. Според мислењето на многумина експерти ова е најприфатливо објаснување за истребувањето на диносаурусите.
Меѓу најпознатите случувања е и оној запаметен како Тунгуска експлозија. Летото 1908 година (30 јуни) нешто после седум часот утрото, космичко тело со непознато потекло експлодирало во реката Подкаменаја Тунгуска во северозападен Сибир.
Енергијата која е ослободена во тој момент, била толку силна што се споредува со експлозија на хидрогенска бомба од десет мегатони.
Силината на сударот била толку голема што бил здрман целиот стар контигент како и дел од Азија.
Опсерваторијата на сите краеви на светот, деноноќно проучувале необичен настан, а за тоа време во Русија, ноќите биле толку светли што тамошните жители цело време во текот на ноќта можеле да читаат книги без дополнително осветлување.