Според едно истражување спроведено од група британски научници, жената го достигнува врвот на својата убавина во 31-та година од животот, а вистинските сериозни знаци на стареење на женското лице стануваат видливи по 35-та година од животот.
Ова интересно истражување е направено врз основа на анкета во која учествувале 2.000 мажи и жени кои биле запрашани да проценат во кое животно доба жените изгледаат најатрактивно.
Повеќето се сложуваат дека жените се најубави во својата 31 година од животот, како и дека жените во доцните 20-ти и раните 30-ти се многу попривлечни во однос на младите убавици од 18 или 19 години.
Според истражувачите, резултатите се должат на тоа што жените во 30-те зрачат со зрелост, елеганција и самодоверба.
За жал, состојбата драстично се менува само четири години подоцна, кога лицето на жената почнува да ги покажува првите сериозни знаци на стареење од типот на брчките и подочњаците