Албанските власти на аеродромот во Тирана уапсија грчки бизнисмен под обвинение за шпионажа, објавија грчките медиуми.
Според весникот „Имерсија“ уапсен е 52-годишен маж, која имал бизнис во Албанија во сферата на градежништвото.
Во неговата чанта биле откриени „разузнавачки материјали“.
Весникот наведува дека во веста во албанските медиуми за апсење на грчкиот бизнисмен биле емитувани кадри од минатонеделното приведување на Израелец во Тирана под исто обвинение за шпионажа.