Во Белград почна состанокот на „светската влада во сенка“


Состанокот на европскиот разгранок на Трилатералната комисија, која често ја нарекуваат „светска влада во сенка“, почна денес во Белград со обраќање на претседателот за Европа и поранешен шеф на Европската централна банка Жан-Клод Трише и на премиерот на Србија Александар Вучиќ.masoni11

Tрише, кој ја отвори седницата, рече дека членовите на светската економска и политичка елита, кои престојуваат во Белград, ќе разговараат за европските проблеми, за перспективата на европските интеграции и Западeн Балкан, како и за предизвиците во Европа.
Тој рече дека Трилатералната комисија внимателно и редовно ги следела случувањата на Западен Балкан, како и дека многубројни членови играле важни улоги во трагичните времиња зад нас.Претседателот на српската национална група на Трилатералната комисија Јован Ковачиќ денес изјави дека регионот страда од „премногу историја, а премалку разбирање“ и дека треба да се направи сè за да се измени ова наследство за идните генерации.

„Комисијата редовно ги разгледуваше прашањата за овој регион, каде што историјата донесе голем хаос. Регионот страда од „премногу историја а премалку разбирање“, рече тој илустрирајќи дека Белград во својата историја бил прегазен од 250 армии и повеќе од 40 пати бил „срамнет со земјата“.

„Слична е и ситуацијата и во регионот. На децата им должиме да не им оставиме вакво наследство“, додаде Ковачиќ.

Велејќи дека тоа мора да го направат сите заедно, Ковачиќ сликовито објасни дека е доволно добрите луѓе да не прават ништо, па злото да триумфира.

Европската група на Трилатералната комисија во почетокот ги опфаќаше државите-членки на тогашната Европска економска заедница. Како што се прошируваше оваа групација, со текот на времето, во Трилатералата влегуваа нови членки.

Србија е најмлада членка на Трилатералната комисија, од минатата година, и покрај Норвешка е единствена членка на Европската група што не е истовремено членка на ЕУ.

NetPress

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1