Авганистанец го закопал синот покрај пругите кај Велес


Страотна била глетката на велешката полиција кога ноќеска излегла да врши увид на местото каде машиновозачот на товарниот воз кој сообраќал од Трубарево преку Гевгелија за Солун, пријавил дека прегазил млад човек, кој се движел по пругата, јавува Алфа.voz-udri-covek-31367347932_thumb_medium490_0

На местото каде се случила нереќата, во близина на пругата Градско-Згрополци, полицијата пронашла многу крв остатоци од ткиво, но телото го немало. Можноста дека настраданиот е во ваква состојба поради, силината на ударот, ја побивал фактот што на местото на несреќата била најдена облека и патики, која ја носело починатото момче.

Потрагата по дваесетгодишникот траела до раните утрински часови, но залуден бил обидот на полицајците да го пронајдат телото. Шест часа подоцна во велешката полиција маж на 44 години, од Авганистан, кој со себе водел 4 малолетни деца, се претставил дека е татко на момчето кое настрадалo.

На инспекторите во велешката полиција им раскажал дека телото на син му го закопал во плиток гроб, го покрил со камења, покрај пругите на неколку метри од местото каде се случила несреќата и со четирите деца продолжил кон Скопје, но тоа што го оставил телото на синот покрај пругите не му давало мир, па затоа се вратил назад и се пријавил во полиција. Телото на починатото момче ќе биде есхумирано, по што ќе следи утврдување на идентитетот информираат од велешката полиција. Групата мигранти од Авганистан, во Македонија влегла нелегално, пешки стигнале до Градско движејќи се по пругата, сакале да дојдат до Скопје, а потоа да го продолжат патот кон Србија.

Alfa.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1