Во бензиската станица на „Лукоил“ во Куманово, влегол разбеснет бик. Вознемиреното животно влегло и во продавницата, каде ги бркал преплашените вработени и купувачите. Подоцна бил изваден надвор, каде продолжил со клоцањето и дивеењето.
Нема информации дали некој од присутните бил повреден. Фотографиите ги сподели очевидец од настанот на групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ на „Фејсбук“, ги пренесува Шеталиште.ком