Голема трагедија: Татко се обесил откако му ги одзеле децата поради педофил


Славиљуб Егериќ (40) викан Чика од селот Риѓевштице кај Трстеник се обеси на даб на ридот над селото, откако работници од центарот за социјална работа му ги одзедоа четирите деца.

Егериќ се самоуби на Свети Никола, а го пронашол неговиот братучед.

obesi nikola

-Се заледив кога го видов Чика како виси обесен на гранка. Десетина минути стоев како вкочаент. Незнаев дали да му пријдам или да бегам. Отрчав во селото да им кажам што се слилило – раскажува во српски Курир Драган Егериќ, кој случајно наишол на телото додека го шетал кучето.

Голуб Егериќ, родинина на настраданиот, вели дека на Славољуб срцето му пукнало што не можел биде покрај своите деца.

-Кој би издржал некој да му одземе четири златни девојчиња – Анита, Анѓела, Катарина и Милица. Ми зборуваше дека го плашиле дека мора да потпиште во центарот за социјална работа дека сака да ги предаде децата за да може понекогаш да ги гледа, а ако не потпише, никогаш нема да ги види – раскажува Голуб.

На Славољуб децата му се одземени во вторник, три дена пред трагедијата, а тој цело време говорел дека ќе се обеси.

-Беше тоа тажна, мачна и тешка глетка. Чика си ја удираше главата и ја кубеше косата додека децата ги ставаа во автомобил. Ги обожуваше своите девојчиња, се жртвуваше за нив. Работеше од утро до мрак за да им овозможи да имаат она што го имаат и другите деца. Кога му најавија дека ќе му ги одземат децата, се зборуваше низ село дека тоа не може да го преболи и дека ќе се обеси. Луѓето тоа сериозно не го сфаќаа, иако од вторникот, до петокот кога се обеси, шеташе низ село како зомби, вели неговата сосетка.

obesil deca

Сопругата на Славољуб Драгана ги напуштила децата минатата година во ноември. Со себе во родното село Срње го зела најмладото девојче за кое примала социјална помош.

-Кога помошта и е укината, го однела детето во центарот за социјална работа, со закани дека ќе го убие ако остане кај неа. Славољуб пак беше пресреќен што може да си го чува и најмалото ќеркиче заедно со сестрите. Тоа било нејзин втор брак, а од првиот имала четири деца кои исто така ги напуштила, велат селатните.

Сега за децата најмногу тагува бабата Јаворка.

-Пилиња мои, пуста ми е куќата без нив. Ги исчувавме од кило месо, а сега ни ги зедоа. Тоа е неправда! Ќе бараме да ги вратат – кукаше бабата Јаворка.

Децата одземени поради стар педофил

Низ селото се зборува дека најсатрото девојче го малтретирал селскиот педофил Ј.В.(70)

-Децата ги зеде Центарот за социјална работа, привремно за да ги тргне од селото и да ги заштити од тој педофил. Братучедот не сакаше да ми зборува за тоа. Полицијата го направи своето, но некаде затаи работата, вели братучедот на Славољуб.

Селаните зборуваат дека истрагата запрела зошто осомничениот педофил бил богат зошто на времето работел во Швајцарија.

-Тој сосед полицијата го уапси, но брзо потоа го пушти на слобода. Младото девојче раскажа дека гледало како старецот ја соблекува најстарата сестра. Слушнав дека се бранел во полиција дека го соблекувал детето за да го претресе бидејќи наводно нешто му украло – вели еден селанец.

Семјството на Славољуб најави дека ќе ги искористи сите можни канали за да си ги вратат четирите девојчиња во куќата. Меѓу другото нивен близок роднина е и српскиот академик Мирослав Егериќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1