Во бездомник вградиле бесплатен Интернет


На улиците низ Прага излезе првиот бездомник – „движечки хотспот“ за безжичен Интернет, облечен во маичка на која пишува дека доколку некој му се приближи, може бесплатно да се приклучи на Интернет.

Бездомникот Радим, кој луѓето го познаваат како продавач на цвеќе во метро, се согласил да стане пробниот „мобилен Wi-Fi предавател“ во проектот „Wi-Fi 4 life“ со кој студентот Лубош Болечек се обидува да го спои корисното со хуманитарното.bezdomnik-260x173

-Им помагам да покренат проект. Не се разбирам во Интернет, ниту во поврзани достигнувања, вели Радим.

Проектот, кој ако се покаже успешен, Болечек сака да им понуди на градот Прага и интернет провајдерите да ангажираат шест бездомници кои по осум часа дневно би поминале на најпрометните места во градот, носејќи во џебот уред, кој овозможува приклучување наинтернет во пречник од 20 метри.

Бездомниците во замена би добиле храна, облека и сместување, а по шест месеци и понуда за вработување од градот или од некој претприемач.

-Идејата ми дојде на ум додека бев на студиски престој во Канада и никаде не можев да најдам како да се приклучам на Интернет. Тогаш е досетив дека недостапниот Интернет би можеле да го решат бездомниците. Сега тоа веќе не е проект за Интернет, туку за тоа како да им се помогне на луѓето кои паднале на дното, вели Болечек.

Пред три години во САД пропадна една таква слична идеја, затоа што една компанија стана мета на критики дека со тоа ги понижува и жигосува бездомниците

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1