Ако сакате да сте задоволни во животот – овие 4 работи мора да ги правите


Кога говориме за среќата постојат низа совети и предлози како да стигнете на тоа конечно одредиште. Некои од нив треба да ги послушате, а некоеи не. Сепак постојат и оние што произлегле од конкретни научни истражувања и се докажани на низа поединечни примери.

Еве 4 научни совети како да ја постигнете среќата во животот, а притоа да располагате само со она што го имате. До овие сознанија дошле научниците.srekja

-Бидете благодарни

Патот кон среќата како и секој друг почнува со првиот чекор, а тоа е благодарноста. Дури и кога ви се чини дека нема на што да бидете благодарни, кога подобро ќе размислите ќе пронајдете мали или поголеми ситници што го прават животот поубав и подобар.

Причината поради која би требало секојдневно да бидете благодарни се крие во фактот, односно во научните докажувања дека благодарноста го поттикнува лачењето на допамин и серотанин кои влијаат на состојбата на среќата.

-Именувајте ги сопствените емоции

Се чувствувате лошо? Тогаш дајте му име на тоа чувство. Анксиозност? Тага? Бес? Можеби звучи смешно, но едно истражување покажа дека именувањето, односно препознавањето на чувствата го менува нивното негативно влијание.

Ако ги потиснете чувствата тие ќе ви се врата. Ако го опишете она што го чувствувате во неколку збора, ќе ви биде полесно да се ослободите од тоа чувство.

-Донесете одлука

Дали некогаш ви се случило по донесувањето на некоја одлука (без разлика на последиците) да почувствувате вистинско олеснување? Научниците докажале дека донесувањето на свесните одлуки го намалува стресот и грижата.

Научниците одат подалеку од тој совет и додаваат какви одлуки би требало да донесете, а одговорот е доволно добри. Склоноста кон перфекционизам може да биде доста стресна и затоа е важно да бидете свесни за фактот дека е важно само одлуките да бидат доволно добри. Во спротивно, мозокот троши премногу енергија и емоции па создава чувство поради кое тешко се контролирате.

-Допир

Бебињара преживуваат благодарение на допирот, затоа не треба да ве чуди потребата за блискост за прифаќање на другите, затоа што тие ситници во голема мера влијаат на количината на среќа на поединците.

Со допирот се ослободува окситоцин (хормон на љубовта) благодарение на што ќе ве преплави чувството на среќа. Допирот немора секогаш да биде во облик на прегратка. Ќе биде доволно да пружате рака што многу влијае на уверливоста на личноста, ја зголемува блискоста во тимот па дури влијае и на математичките вештини.

Kurir

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1