Во близина на Нови Сад убиен Македонец – бил избоден до смрт


Во Бегеч, Србија, убиен е Македонецот Слободан Стојановски. Пекарот од Бегеч, населба во близина на Нови Сад, беше убиен минатата ноќ, потврди полицијата.

Неофицијално, неговото безживотно тело, до смрт избодено со нож, беше откриено во куќата.Screenshot_30

Пекарот со децении имал пекарница во Бегеч, каде што живеел уште од раѓање.

Според првичните сознанија на полицијата, убиството не било на национална основа и не е мотивирано од инцидентот по натпреварот помеѓу Србија и Албанија.

Според директорот на полицијата Милорад Вељовиќ, уапсени се повеќе лица, меѓу кои е и убиецот на Стојановски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1