Во брак со најљубоморната жена на светот – секој ден го проверува со детектор за лаги (Фото)


Деби Вуд (43) е ужасно љубоморна жена – таа својот 12 години помлад сопруг Стив го поставува на судни маки за да и докаже дека не ја изневерува.

Му забранила да гледа секаква програма во која се појавуваат жени во страв некоја да не му се допадне, му ги проверува телефонот и електронската пошта, а кога тоа не било доволно купила детектор за лаги и го користи секој ден!

Screenshot_53

– Мислам дека ако некој е во врска и задоволен е од партнерот не треба да има очи за други – вели Деби.

На Деби и е дијагностицирана ретка болест – синдромот Отело, кој предизвикува ужасна и болна љубомора.

Експертите сметаат дека болеста се појавила откако Деби била напуштена од поранешниот долгогодишен партнер. Тоа предизвикало силна емоционална траума. Деби си ветила дека никогаш повеќе нема да се вљуби, но се вљубила во Стив.Screenshot_51

На почетокот кога тој живеел во Лондон а таа во Шкотска ( се запознале преку Фејсбук) Стив имал девојка – и Деби поради тоа постојано се сомнева дали и е верен.

– Мислел дека има право да има партнерки бидејќи не живеевме во ист град. Кога почнавме да живееме заедно љубомората стана неиздржлива – вели Деби.

Таа не можела да поднесе Стив да не и биде пред очи.15% од луѓето кои го имаат Отело синдромот се насилни кон партнерите.

Но Деби пред бракот побарала помош и прима терапија.Screenshot_52

– Знам дека му го наравив животот на Стив тежок но тој остана покрај мене, значи тој е вистинскиот. Мислам дека многу жени го имаат овој синдром но не се свесни за тоа. А тоа е поради притисокот во општеството – жените да бидат тенки, со руса коса и големи гради. Имам среќа што Стив ме разбира – вели Деби.

– Беше тешко но вредеше. Некогаш кога сум нервозен детекторот покажува како да лажам бидејќи силно ми чука срцето, и Деби не ми верува. Треба да ја убедувам секој ден дека не ја изневерувам и да се молам да ми поверува. Но ние сме сродни души и се ќе издржам – вели Стив./ извор: Дејли меил

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1