Белгиската навивачка Аксел Деспигелер потпиша милионски договор со коземтичката куќа L’Oreal благодарение на тоа што му „запна на око“ на еден фотограф кој фотографираше на Светското фудбалско првенство.
Фотографот ја улови убавата и долгокоса блондинка на трибините пред и за време на натпреварот меѓу Белгија и Русија, а фотографиите за брзо се проширија по социјалните мрежи. Нив ги забележаа и агентите од славниот козметички бренд и веднаш ја контактираа убавицата со понуда за договор за соработка
Аксел без да се двоуми многу, ја прифати понудата од L’Oreal која ќе ѝ го промени животот. Во меѓувреме отвори и своја Фејсбук фан страна, каде за краток период собра повеќе од 24.000 „лајкови“.
„Јас сум Аксел Деспигелер, млада белгиска навивачка која преку ноќ стана славна за време на Светското првенство“, напиша таа за себе.