Во декември барање за нов рамковен и федерализација – албанскиот да е службен без разлика има или не 20 %


Мора да се направат уставни и законски измени за да се задржи „духот на Охридскиот рамковен договор“, се предвидува во препораките од анализата на договорот. Според овие препораки, се предвидува официјализирање на албанскиот јазик како втор службен јазик и издигнување на албанската заедница над другите, објавува порталот Мкд.мк.

Треба да се пропише гарантирана комуникација на мајчиниот јазик за припадниците на албанската заедница со централните министерства независно од местото на живеење и неподложно на критериумот од „20% од населението на локално ниво“.ali-ahmeti-dui

Ова се дел од препораките во анализата изработена за 200.000 евра од страна на Европскиот институт за мир предводен од посредникот во конфликтот од 2001 година Питер Фејт. Договорот за оваа анализа го потпиша вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Муса Џафери.

Во декември годинава оваа анализа ќе биде и официјално презентирана.

Препораката за укинување на критериумот од 20% се базира на следново образложение: „ваквата формулација беше оспорувана од два аспекта: 1) дека нумеричкиот критериум од 20% имплицира дека службеноста на јазикот е условена и дека може да се укине (доколку критериумот не е остварен); 2) дека неименувањето на јазикот е „навредливо“ по идентитетот на албанската заедница во Македонија“.

Целиот текст на – Мкд.мк.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1