Во еден момент двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки. Корупцијата убива!


Корисник на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од местото на несреќата каде загинаа 45 македонски граѓани по сообраќајна незгода со автобус. Многу шофери веќе го изразија своето мислење дека самиот начин на кој што е изградено ова раздвојување на патот може да е причина за трагедијата, бидејќи знакот не е поставен на соодветно место, туку токму на местото каде што се дели патот.

„Вака изгледаше делницата од автопатот Струма ден пред трагедијата. Ставете се на местото на возач на автобус: возите ноќе, по експресен пат со две ленти, една лента за итни случаи. Во еден момент, двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки што укажуваат дека „третата лента“ има некоја друга цел. Како професионален и совесен возач одговорен за 50 судбини, „останувате“ на безбедната лента по која што возите со вашето возилото, на крајната десна лента. По кривината, сфаќате дека обележувањето ве изневерило, но веќе е доцна. Правите се што е во ваша моќ, но вашата судбина и на уште 50 невини луѓе е веќе предодредена. Корупцијата убива.“ стои во описот на видеото.

Од видеото јасно се гледа дека патот има проширување на коловозот, што се користи како паркинг или место за одмор, одвоен со заштитна ограда околу 100-150 метри во должина. Токму во неа прво удрил автобусот, а потоа се одбил кон другата заштитна ограда.

Проблемот со оваа заштитна ограда е што не е доволно добро сигнализирана и нема осветлување. Има само знак дека има исклучување, како и за чешмата, претходно. Самата заштитна ограда е во закривен дел и се појавува одеднаш, што може да доведе до конфузија.

Според авторот на видеото, на местото воопшто нема вертикално обележување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1