Во Германија, обврската за носење заштитни маски во градскиот превоз и продавниците стапи на сила денеска, при што градовите известија дека граѓаните во голема мерка ја почитуваат таа обврска.
Откако се договори со претставниците на сојузните покраини, германската Влада „експлицитно препорача“ носење маски во јавниот превоз и продавниците кон средината на месецот.
Според претставниците на јавните транспортни компании, патниците претежно ги почитуваат своите обврски. Министерот за транспорт Андреас Шојер бара обврската за носење маски да се воведе и во меѓуградските возови.