Делови од човечко тело пронајдени во близина на гевгелиското село Давидово. Телото го пронашол жител на селото кој веднаш ја известил полиција по што нивна екипа излегла на терен. Остатоците од човечкото тело покрај кои имало и облека биле пронајдени кај местото викано Брдото во атарот на селото Давидово.
Засега нема конкретни информации за идентитетот на лицето, но се претпоставува дека се работи за 76 годишен жител од селото кој претходно бил пријавен за исчезнат. Токму ваквите сомнежи биле причина по извршениот увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител од гевгелиското обвинителство да биде повикан и синот на исченатото лице со цел да биде извршено препознавање.
Според неофицијалните информации тој ја препознал и потврдил дека пронајдената облека е на неговиот татко, но дали навистина се работи за истото лице или пак не во моментов нема информации. Одговорот на ова прашање ќе го даде обдуцијата на телото за која веќе е издадена наредба од страна на јавниот обвинител. Од полицијата информираат дека интензивно се работи за целосно расчистување на случајот.