Вучиќ: Ќе победиме без војна, но нема да се двоумам доколку е нападнат српскиот народ на Косово


Косовската полиција го сопре српскиот претседател Александар Вучиќ, кој утрово и покрај забраната од косовската влада тргна кон селото Бање. Полицијата го извести Вучиќ дека се постави барикади на патот . Српскиот претседател Александар Вучиќ откако му беше блокиран патот до селото Бање на Косово, се врати во Косовска Митровица од каде што порача дека нема никаков договор со Приштина. – Ќе победиме без војна, но во ниту еден момент нема да се двоумам доколку е нападнат српскиот народ на Косово

-Седеа таму пред Бање, три пати се слушнаа истрели, си играа на таму на блокадите. Некои сакаат да подготвуваат пушки, јас нема да ги повикам нашите луѓе на пушки, но на никого нема да му дозволам да пушки да се изживува над нашиот народ, изјавил Вучиќ додавајќи дека жителите се подготвувале за неговата посета и го чекале во народни носии.

„Не сум во состојба да дојдам, но уште помалку сакам да ги изложам на ризик вашите животи“, им порача денес преку телефон претседателот на Србија Александар Вучиќ на сонародниците во косовското село Бање откако косовската полиција го сопре во обидот да го посети местото и покрај забраната на косовските власти, предизвикана од блокадата на патиштата од страна на неколку десетици ветерани на УЧК.

Вучиќ се врати во Косовска Митровица каде држи говор на митинг на централниот градски плоштад.

Тој за РТС изјави дека се откажал од посетата на Бање бидејќи не сакал да ги загрозува тамошните Срби. „Не сакам пушки, иако не сум посебно уплашен, но никогаш нема народот да го повикувам на оружје“, кажа претседателот на Србија.

Тој на Србите во Бање им кажа дека косовската влада не сакала тој да ги посети.

„Жал ми е што не можев да дојдам бидејќи тоа не го сакаа приштинските власти“, им кажа Вучиќ на жителите на Бање кои околу 300 се собраа во центарот на селото очекувајќи го неговото пристигнување.


И косовските медиуми известуваат за блокадите, истакнувајќи дека биле поставени уште синоќа, пред доаѓањето на српскиот претседател во селото јужно од Ибар.

На патиштата има камиони, поставени се барикади од стебла и запалени гуми, а има и транспаренти „Вучиќ нема да помине“ и „Вучиќ врати се“, пишува порталот Клан Косова.

Посетата на Вучиќ на Бање беше најавена за 10 часот, а премиерот на Косово Рамуш Харадинај ја повлече претходната владина дозвола за посетата на Вучиќ, па полицијата го сопре српскиот претседател на пат кон селото.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1