Во Грција ограбуваат туристи – им влегуваат во апартманите и ги прскаат со спреј кои ги онесвестува


Српски Телеграф пишува за два случаи на ограбени српски туристи во Грција, на истиот начин.

kradec 3 На Закинтос ограбени се шестмина млади кои се вратиле во изнајмената куќа во 2 часот по полноќ, а утрото ги нашле сите соби испревртени. Им останале само пасошите. Ограбена била и девојка која летувала на Певкохори – во текот на ноќта од собата и биле одземени парите и мобилниот.

И во двата случаи биле оставени отворени прозорци. Ограбените не се сеќаваат на ништо, само имаат голема главоболка и нагони за повраќање утрото, најверојатно од спрејот.

Ограбувањето со користење на спреј е забележано и во Шпанија, а во Бугарија и Унгарија исто така се користи спрејот но не во апартманите каде се сместуваат туристите туку во возовите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1