Во Индија хомосексуалноста станува кривично дело


Врховниот суд на Индија го поддржа законот кој ја криминализира хомосексуалната популација.

anti gejВрховниот суд ја поништи мерката на Вишиот суд во Њу Делхи, со кој во 2009 година се декриминализира хомосексуалноста. Судот посочи оти сега останува на Парламентот да одлучи.

Според членот 377 од 148-годишниот колонијален закон, истополовата врска е „неприроден прекршок“ и казната за тоа е десет години затвор.

Неколку политички и религиозни здруженија упатија петиција до Врховниот суд со барање стариот закон повторно да биде прогласен за важечки, по судската одлука од 2009 година.

Активистите кои се борат за правата на хомосексуалната популација изјавија дека одлуката на Врховниот суд е разочарувачка и оти ќе се борат повторно да се разгледа одлуката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1