Вода од Црвено Море ќе го спасува Мртовото Море од пресушување


Потпишан е историски договор за спасување на Мртвото Море, за добивање вода од Црвеното Море преку цевковод долг 180 километри. Договорот е разгледуван со години но дури сега во Вашингтон го потпишаа палестинските власти, Јордан и Израел.

red-seaПроектот ќе обезбеди 200 милиони кубни метри вода од фабрика за десалинизација на брегот на Црвениото Море во Јордан. Водата од Црвеното Море е потребна за да се спречи исушување на Мртвото Море.

Нивото на Мртвото Море меѓу Израел и Јордан опадна за 25 метри во изминатите 50 години, а експерти тврдат дека до 2050 година може целосно да исчезне доколку не се преземат мерки.

Мртвото Море сега секоја година губи по повеќе од еден метар од нивото.

Договорот го доведе долгоочекуваниот цевковод на еден чекор до завршување, а самата идеја за поврзување на двете мориња е постара од еден век. Фабриката за десалинизација на вода ќе биде изградена во јорданско пристаниште Акаба. Преработената десалинизирана вода ќе ја делат соседите додека остатокот на вода збогатен со соли ќе биде насочена кон Мртвото Море.

По договорот Израел ќе пушти повеќе вода од Галилејското Море, својот најголем резервоар на Јордан, а десалинизираната вода ќе се продава за палестинските теротрии. Не е познато кој ќе го финансира проектот кој би чинел околу 400 милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1