Слика од познатиот шпански сликар Пабло Пикасо, насликана во 1940 година, пронајдена е во Истанбул откако била украдена од домот на еден колекционер во Њујорк.
Сликата „Nude Combing her Hair” (Гола се чешла) меѓународните криумчари со уметнички дела сакале да ја продадат за 8 милиони долари. Меѓутоа, екипата на Одделот за криумчарење, во операцијата што ја извеле, успеале да дојдат до сликата и да ја преземат.
Уште пред еден месец полицијата, претставувајќи се како потенцијален купувач, воспоставила контакт со криумчарите кои за сликата барале 8 милиони долари. Преговорите траеле мошне долго, после што криумчаррите ја спуштиле цената на 7 милиони долари.
Откако била договорена цената одлучиле да се најдат и да ја разменат сликата за пари. Меѓутоа, полицијата ги привела двете осомничени лица и дошла до вредното уметничко дело. Во тек е криминалистичка обработка на приведените.
Сликата ја бараше ФБИ и многу други полициски и безбедносни агенции.