Тинејџерка ја закла мајка си гледајќи снимки на ИСИС – осудена на 9 години затвор


Тинејџерката од Данска е осудена на 9 години затвор откако во август 2014. година ја убила својата мајка откако гледала снимки од убиствата на крволочните џихадисти на ИСИС.

Лиса Борч, која тогаш имала 15 години, и нејзиното 29-годишно момче Мухамед Абдула, ја избоделе нејзината мајка Тина Ромер Холтегард најмалку 20 пати во семејниот дом во Квисел на северот на Данска.tinejdj zakla majka

Оваа девојка ќе ја отслужи најголемата казна некогаш изречена за тинејџер во Данска. Лиса поднела жалба на пресудата и го обвинила своето момче, кое според нејзините зборови испланирало сè. Пред судот рекла дека го признала злосторството само затоа што се плашела од 29-годишниот Мухамед. Нејзиниот очув, Јен Холтегард, за данските медиуми изјавил дека не го обвинува исламот, иако Лиса била опседната со ИСИС.

За време на сослушувањето во септември, пред судот било откриено дека Лиса била опседната со радикалниот ислам откако се вљубила во муслиман.

Тој, меѓутоа, ја оставил и се преселил во Шведска за да биде со своите деца и сопругата. Таа набрзо пронашла друго момче, Ирачанецот Абдула, со кого се спријателила во прифатилиште во близина на нејзината куќа.

Полицијата, која по дојавата за убиството дошла во куќата, ја забележала Лиса како на мобилниот телефон гледа видео на ЈуТјуб. На прашањето каде е нејзината мајка, таа седејќи со прст покажала на горниот кат. Цело време го гледала убиството на британскиот хуманитарец. Заедно со момчето планирала да оди во Сирија и да се бори на страната на ИСИС.

Пред судот меѓусебно се обвиниле за убиството, а поротата слушнала неколку верзии за тоа што се случило. Иако Абдула повеќе не бил на местото на злосторството кога полицијата пристигнала, биле пронајдени отпечатоци од неговите прсти во спалната соба на жртвата. На суд не било утврдено кој го задал смртоносниот убод, но двајцата се прогласени за виновни.

Лиса е осудена на девет години затвор, а првата година ќе ја мине во затвор за малолетници. Абдул добил 13 години и ќе биде протеран од Данска кога ќе ја отслужи казната.

Двајцата мора да платат оштета за очувот на Лиса, нејзината сестра близначка и помалиот брат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1