Во Италија смртта на четири лица поврзана со вакцина против грип


Во Италија почина и четвртото лице чија смрт би можела да биде поврзана со вакцина против грип, пишува денеска весникот од Фиренца „Национале“.

Италијанските власти вчера ја прекинаа употребата на две серии на вакцини „Новартис“ поради претпазливост поради сомневање дека три смртни случаи би можеле да бидат поврзани со таа вакцина.vakcine-vakcinacija-1343770202-192487

Четвртата жртва е 80-годишен маж, кој вчера починал во градот Прато во Тосканија, откако во средата примил вакцина.

Тој ја примил вакцината од една од двете серии кои се повлечени од употреба.

Италијанската фармацевтска агенција ги повика сите кои имаат неупотребени дози на Флуад од серијата 142701 и 143301 да стапат во контакт со својот лекар.

Двата смртни случаи кои би можеле да бидат предизвикани од вакцината се случиле на Сицилија, а третиот во јужниот регион Молиза, јави италијанската агенција АНСА.

Двете сомнителни серии се произведени во фабриката на „Новартис“ во Сиена, во Тосканија, за потребите на локалните клиники.

Италијанската фармацевтска агенција соопшти дека повлекувањето на вакцините од употреба е мерка на претпазливост со цел примероците од тие серии да бидат испитани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1