Исповед на Кили од Еквадор: Додека дишам, ќе се надевам


Oва е рај на земјата. Ова е земја за нас. Ова е земја за сите наши луѓе. Овде е исто како што беше во СФРЈ. А тоа кажува сe. Овде почнав да дишам. Конечно. Овде е лето постојано. Ма рај на земјината топка. А воздухот е совршен. Среќен сум, а тоа е повеќе од доволно за добро здравје. Додека дишам ќе се надевам, вели актерот Кирил Поп Христов- Кили за Вест, кој со сопругата Гордана Деан Поп Христова и ќерката Јоана пред две недели ја напушти Македонија и се пресели во градчето Олон, Еквадор, во Јужна Америка.

5006D8741E8EBEDD14C8C12099B

 

Одлуката да се отсели ја донел уште додека ја одлежувал едногодишната затворска казна за одгледување марихуана, тревката за која вели дека живот му значи и за која за време на судењето постојано повторуваше дека ја одгледува за да му ги олесни проблемите со ракот на коските.

Неговата здравствена состојба беше главната причина што семејството Поп Христови реши да замине за Еквадор каде му понудиле лекување со алтернативна медицина, што таму е многу популарно.

Кили вели дека сe она што го има во Еквадор, тоа го барал и го нашол токму во оваа држава.

Целото интервју на – ВЕСТ

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1