Од понеделник пообилни врнежи и можни поплави


Во наредните денови во Македонија се очекува нов влажен бран кој може да придонесе за благ пораст на водотеците без опасност од посериозни излевања.

dozd cador

Од Управата за хидрометеоролошки работи информират дека од понеделник попладне се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд кога локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен кој може да придонесе до забрзано покачување на водостоите на сите водотеци во Македонија и можност за појава на местимични излевања.

Во изминатите денови стабилното време придонесе за намалување на водостоите на сите водотеци во земјава и ослободување простор за примање евентуални нови количини атмосферска вода во речните корита.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1