Во полициска ација во близина на италијанскиот град Бреша уапсен е албанскиот нарко бос, Индрит Таипи, при што му се одземени 200.000 евра, 20 килограми кокаин и три пиштоли.
Албанските медиуми пренесуваат дека акцијата почнала во Лечо, продолжила во Бранза и Милано, и била завршена во близина на Бреша.. Во автомобилот на Таипи биле пронајдени 200 илјади евра, скриени во седиште, кои ги стекнал со продажба на кокаин, додека 20-те килограми кокаин и трите пиштоли биле пронајдени во неговиот дом во Бреша. Полицијата располага со цврсти докази дека оружјето било користено, а едното,полуавтоматски пиштол, бил украден во Ломбардиа.
Кокаинот бил спакуван, а на логото стоел жиг „Јужна Америка“, од каде се верува дека дрогата пристигнала. На црниот пазар дрогата достигнува вредност од два милиона евра.