Една од најотровните риби на светот, фугу, е уловена во близина во Дубровник. Рибата, чија консумација предизвикува парализа и смрт, била уловена во заливот на полуостровот Ували Лапад, потврдено е во Институтот за океанографија и рибарство во Сплит.
Од сплитскиот Институт истакнуваат дека има се повеќе пријави дека во Јадранот е уловена оваа риба, чиј отров е 1.250 пати посилен од цијанид.
Ова е втор примерок на риба уловен оваа година, велат во дубровничкиот Институт за море.
Рибата фугу живее во Индискиот океан, а во Медитеранот доаѓа низ Суецкиот канал поради климатските промени и зголемената темепратура на морето.
Стручњаците од Институтот наведуваат дека оваа риба е чест гостин во Јадранското море, и дека во источниот Медитеран станала еден од доминантните видови, пренесуваат хрватските медиуми.
Поради честата појава на оваа риба, стручњаците предупредуваат дека е потребна итна едукација бидејќи станува збор за опасен вид на риба.. Се препорачува рибата фугу да не се фаќа со голи раце туку со ракавици. Иако е смртносна , оваа риба претставува деликатес на јапонската трпеза. Смеат да ја приготвуваат само готвачи кои ќе поминат неколкугодишна обука и треба да стекнат лиценца за да ги совладаат вештините во нејзината подготвка.