Во јануари наредната година, во Основниот суд Куманово ќе започне судската постапка против Љубомир Митев, старецот од кратовско кој во самоодбрана во својата куќа застрела двајца разбојници.
78-годишниот старец во јануари ќе седне на обвинителна клупа откако едниот крадец го уби, другиот го рани.
Во април 2015 година, по барање на адвокатите на Дедо Љубе, поради одредени пропусти, обвинението беше укинато и предметот се врати во истражна постапка.
Дедо Љубе беше обвинет за три кривични дела: убиство во миг, убиство во обид и недозволено поседување на оружје, затоа што го убил Зоран Златков (28) и го ранил Борчо Иванов (30), откако неколку часа го измачувале и се заканиле дека ќе ги убијат него и неговата неподвижна сопруга ако не им ги даде парите.