Во јули 2012 година, 2.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Според податоците на Државниот завод за статистика, и индексот е намален за 0,2 проценти.
Нето платата исплатена по вработен во јули 2012 изнесува 20.781 денари и е за 0,2 проценти пониска од истиот месец лани..
Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена нето- плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (8.0%), Административни и помошни услужни дејности (7.3%) и Други услужни дејности (3.2%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.8%), Преработувачка индустрија (2.7%) и Стручни, научни и технички дејности (2.6%).