Во кафеана освен со вакцина ќе може да се влезе и со потврда за прележан Ковид не подоцна од 45 дена


За влез на сите организирани настани освен сертификат за вакцинација граѓаните ќе може да приложат и потврда за прележан вирус во рок од 45 дена најави министерот за здравство Филипче посочувајќи дека новите мерки започнуваат од понеделник .Според одлуките на последната владина седница невакцинираните нема да може да присуствуваат на настани каде ќе има повеќе од 30 лица, редарски служби ќе вршат контроли на самиот влез.

Анализата покажува дека посебно е голем бројот на новодијагностицирани во градови каде што прилично е мал опфатот со вакцинацијата односно е околу 20 до 23 проценти. Од вкупно 3497 пациенти кои се дијагностицирани изминатите седум дена 3047 се невакцинирани, што значи дека само десет проценти се вакцинирани и се позитивни и тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба, рече Филипче.

Бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 нагло расте во следните недели ситуацијата може да биде критична. Сепак, Филипче дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран.

Во однос на починатата 28 годишна медицинска сестра од Кичево која не била вакцинирана дали имала контакти со ковид позитивни лица Филипче истакна дека не е информиран за овој случај додека пак за најавите дека во Тетово се купуваат лажни сертификати за вакцинација апелира сите оние кои имаат такви податоци да ги пријават до наделжните институции и најави дека системот за пријавување и сертификатите за вакцинација во нашата земја се безбедни.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1