Во Кан украле накит од 1 милион кој ѕвездите требало да го носат на црвениот тепих


Накит кој бил наменет за филмските ѕвезди во Кан, кои ќе се појават на црвениот тепих, бил украден во четвртокот вечерта. Накитот се проценува на повеќе од еден милион долари.

nakit1Како што јавуваат медиумите, накитот бил украден од хотелска соба на еден од вработените во „Шопар“.

Според полицијата, накитот се наоѓал во сеф, кој крадците го откорнале и го однеле од хотелската соба.

Украдениот накит бил наменет за изнајамување на филмските ѕвезди и гостите кои учествуваат на Филмскиот фестивал во Кан.

Меѓународниот филмски фестивал во Кан се одржува од 15 до 26 мај, а во натпреварувачкиот дел за престижната „Златна палма“ ќе се прикажат 20 филмови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1