Видео: Мајка го бркала киднаперот на нејзиното 5 год дете – се забила со автомобилот во него


Мајка чија 5 годишна ќерка била киднапирана сама тргнала во филмска потера по киднаперот – успеала да го стаса и се забила со автомобилот во него. Така го сопрела и и помогнала на полицијата да го уапси.

majka juri kidnaperaДевојчето си играло во дворот на станбената зграда во Албукеркиј кога група тинејџери го видела киднапирањето и за тоа ја известила мајката на девојчето.

Семејството повикало полиција, а мајката потоа влегла во автомобилот и 11 километри го бркала киднаперот, несвесна дека тој девојчето го истуркал од автомобилот пред да побегне од местото на злосторството. Детето било пронајдено во близина, неповредено.

Мајката го следела осомничениот и конечно се удрила со автомобилот на киднаперот на една раскрсница. Киднаперот потоа продолжил да бега трчајќи.

Во меѓувреме, полицијата започна опсежна истрага за осомничениот, со десетина полицајци кои детално ја пребарувале околината и со хеликоптер кој надгледувал се од воздух.

Полицијата така го уапсила триесет годишниот Дејвид Хернандез и го обвини за киднапирање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1