Полицијата соопшти дека е најдена бомбата поставена на тркало на автомобил во скопски Капиштец, и дека е дадена на вештачење.
Сега полицијата работи на утврдување намерите на поставувачот на бомбата и откривањето на неговиот индентитет.
Полицијата соопшти дека утрото во 8.50 часот било пријавено дека под автомобил „сеат ибица“ паркиран на улица Васил Ѓоргов во Капиштец, сопственост на З.К. има поставено експлозивна направа.