Нова трагедија на „Партизанска“: Почина велосипедистот прегазен од Ауди


Велосипедистот кој вчера беше прегазен на раскрсницата со булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“ им подлегнал на тешките повреди.policija-lenta-540x312

Шеесет и четири годишниот скопјанец Нинослав С. го загуби животот откако во него удрил автомобил „Ауди“ кој го управувал 20 годишниот Е.Т. од Скопје. Тој со Итна помош беше пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите.

Како што вчера објави Курир, откако Е.Т. удрил во велосипедистот, со автомобилот удрил и во автобус.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид. Курир дознава дека 20 годишното момче е задржано во полициска станица и од него се земени примероци од крв и урина кои се предадени на анализа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1