Во Кина ќе се гради реплика на „Титаник“ – кој постојано ќе тоне


Реплика на бродот „Титаник“ во природна големина ќе биде дел од тематскиот парк на кинеска територија, а во овој отворен музеј ќе има поставено и симулатор како би можеле посетителите да ја почувствуваат атмосферата во текот на потонувањето на бродот во 1912 година

titanikКинеската верзија на „Титаник“ вредна 165  милиони долари треба да биде отворена 2016 година во паркот во провинцијата Сечуан.

„Мислиме дека е вредно да се шири духот на „Титаник“. Универзалната љубов и чувство за одговорност покажана во моментот на потонувањето е духовно богатство за човековата цивилизација“, изјавил претставникот од корпорацијата кој ќе го финансира овој проект.

„Титаник“ потона на 15 април 1912 година на своето прво патување и во оваа најголема поморска несреќа загинале 1.500 луѓе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1