Од 00:00 до 01:00 часот
Овие луѓе се карактеризираат со агресивност (Овен) поврзана со издржливост (Сатурн). Околината ги смета за тврдоглави и особено горди. Ним им недостасува чувство за дипломатија. Во поволни околности, ваквата констелација може да доведе до неверојатни творечки достигнувања.
Од 01:01 до 02:00 часот
Моќта, престижот и статусот, за вас претставува сè. Поради тоа најчесто страдаат вашите најблиски. Успешни сте во животот благодарение на тоа што знаете да управувате со огромна енергија, која ви стои на располагање. За своето искачување кон врвот треба да им бидете благодарни на влијателните (Јупитер) и постарите (Јарец) личности
Од 02:01 до 03:00 часот
Со задоволство во исто време се посветувате на различни задачи. Вие сте динамични и способни да воодушевувате (Марс), но исто така многу брзо губите интерес за она што сте го почнале. Понекогаш сте нетрпеливи, па многу повеќе трпение не би ви пречело
Од 03:01 до 04:00 часот
Чувствителни сте и лесно може да ве повредат. Видливи докази за лојалност и наклонетост (Венера) вас ви се подеднакво важни како што ви се важни семејството и домот. Сакате финансиска сигурност. Може да се каже дека со парите многу вешто ракувате.
Од 04:01 до 05:00 часот
Вашето размислување (Меркур) отсекогаш било фокусирано кон одредена цел. Полни сте со концентрација и сила на волјата. Затоа, во секоја професија станувате авторитет (Лав). Меѓутоа, кога премногу важност давате на друштвените однос, паѓате во депресија.
Од 05:01 до 06:00 часот
Најдобро се чувствувате кога сте во можност постоечкиот хаос да го воведете во ред. Вашата љубов (Сонцето) припаѓа на деталите (Девица), каде што ви е тешко да направите разлика од важно до неважно. Секогаш ризикувате парите да ги потрошите на работи што воопшто не ви се неопходни. Во работата сте вредни и совршено ги извршувате своите должности.
Од 06:01 до 07:00 часот
Шармантнни сте и секогаш добро облечени (Вага). Вашиот стан е вкусно среден и место е каде што често се собираат вашите пријатели. Многу сте љубезни кон секого. Најголемата опасност лежи во фактот дека вашата емоционална сугурност зависи од другите, а не од вас
Од 07:01 до 08:00 часот
Нештата ги нарекувате какви што се и немате влакна на јазикот. Вие го зборувате (Меркур) она што го мислите (Шкорпија). Но, знаете и да молчите без да кажете нешто. Успехот на работа е поради вашата подготвеност работите да се подредени кон една цел со богата имагинација. Интригите и недовербата може да ве извадат од такт.
Од 08:01 до 09:00 часот
Игри, спорт и многу движење на свеж воздух, се за вас многу важни работи (Стрелец). Постојано се обидувате да ги преминете границите, сеедно дали е во прашање социјални, духовни или национални граници. Новото пријателство (Венера) мора да ви понуди нешто што сеуште не сте го искусиле. Вие сте родени авантурист.
Од 09:01 до 10:00 часот
Вас постојано ви се потребни конкретни причини (Јарец) за да бидете активни (Марс). Благодарение на големиот талент за организација и дисциплина, секогаш ги постигнувате целите кои сте ги поставиле. Добро се чувствувате кога им помагате на другите, пред сè на членовите од вашето семејство.
Од 10:01 до 11:00 часот
Вам сите луѓе ви се исти. За вас не постојат класни разлики, на секого му овозможувате личен став. Полни сте со разбирање (Јупитер) и секогаш сте отворени за нови идеи (Водолија). Бидејќи ги сакате луѓето, најчесто сте опкружени со искрени пријатели.
Од 11:01 до 12:00 часот
Пособено сте успешни кога работата ја правите „позади сцената“. Тогаш навистина можете да постигнете големи работи. Сè додека успевате да обезбедите доволно мир (Сатурн) за да ги наполните батериите (Риби), ќе постигнете извонредна кариера во уметноста и тука ништо не може да ви попречи.
Од 12:01 до 13:00 часот
Секоја работа ја завршувате до крај. Разумот ви помага да не трошите премногу време за неважни работи. Материјалната безбедност (Бик) во семејството за вас е најважна за душевен мир (Месечина). Многу ретко имате сопствена иницијатива. Ретко воспоставувате контакти, смао ако луѓето ви се обратат.
Од 13:01 до 14:00 часот
Мислењата на другите често си ги земате при срце. Поради тоа често мислите дека сè што е кажано или направено се однесува исклучуво на вас. Често за вистина го земате само она што го сметате вие дека е вистина. Можеби токму оваа карактеристика ве доведува до неверојатен успех во работата.
Од 14:01 до 15:00 часот
На својот животен партнер му останувате верни до крајот на животот (Венера). Но, ако почувствувате дека во неговиот живот не заземате главно место (Лав), веднаш ќе побарате друг партнер. Уметноста и глумата заземаат високо место во вашиот живот. За децата сте спремни да жртвувате баш сè.
Од 15:01 до 16:00 часот
Комплетна афирмација доживувате само во онаа активност (Марс) во која можете да ги внесете сите ваши чувства (Рак). Вие сте љубезна личност која зрачи од самозадоволство. Но знаете да бидете нервозни ако сте одбиени или отфрлени. Избегнувајте ја агресијата, тешките зборови и навредите, а помирете се дека не можете постојано да сте во центарот на вниманието.
Од 16:01 до 17:00 часот
Парите за вас имаат важна улога. Поради тоа мислите (Бик) дека веќе во првата половина на животот морате нешто да стекнете (Јупитер). Во сето тоа добро доаѓа вашата способност да се издигнете над секојдневните и ситни препреки, како и способноста работите да ги согледате однапред
Од 17:01 до 18:00 часот
Сè додека сте зависни од сопствениот перфекционизам, луѓето ќе ве почитуваат приватно и професионално. Вие сте практична личност и успешно се справувате со луѓе кои се противат на вашите планови. При тоа вашата наклонетост кон деталите (Девица) често може да ве соведе во заблуда и да застане на патот до остварување на целите (Сатурн).
Од 18:01 до 19:00 часот
Само во врска со други луѓе (Вага) може да ги постигнете вашите животни цели (Сатурн). Во пријателството ви треба многу трпение, за да излезете на крај со себе. Најголемата опаснст лежи во фактот дека вашиот партнер може да постави високи барања кои вие на подолга патека нема да можете да ги остварите.
Од 19:01 до 20:00 часот
Вашата наклонетост кон ризик може да ви овозможи силен пораст во друштвото. Поради вашите пренагласени (Венера) сексуални барања (Шкорпија), паѓате во опасност да ги загубите од пред очи и другите вреднсти во постојаната врска, како на пример верност, меѓусебна грижа и духовниот интерес. Во основа, сè што работите треба да биде со мера.
20:01 до 21:00 часот
Возбудата од ново и непознато (Стрелец) ве поттикнува на врвни предизвици (Марс). Животен еликсир ви се далечните патувања во егзотични земји. Верноста не се вбројува во вашите карактеристики. Благодарение на оптимизмот, по длабок пад, повторно ќе застанете на своите нозе.
Од 21:01 до 22:00 часот
Од страв да не ве повредат (Риби), другите луѓе често мислат дека сте бавни и инертни. Но. Кога еднаш ќе ве запознаат, гледаат дека на вашата околина ѝ давате многу топлина и сочувствто. Големо внимание посветувате на видливите докази на љубов (Венера) и многу сте изненадени доколку работите не се онака како што си ги замислувате.
Од 22:01 до 23:00 часот
Вие сте многу интелигентни (Водолија) и често размислувате поинаку од другите (Меркур). Поради тоа може излезете на крај и со најтешките проблеми. Секогаш имате предност над другите. Затоа, не треба да бидете арогантни. Скромноста сепак е доблест.
Од 23:01 до 24:00 часот
Со вашиот часовник владее т.н. ноќно Сонце. Тоа го симболизира внатрешното светло. Вие имате тенденција кон култните активност. Во секојдневниот живот не ви се допаѓаат компромисите. Вашето животно мото е „сè или ништо“, а Во љубовта сте склони кон посесивност и љубомора.