Компанија од Орегон која се занимава со дистрибуција на храна ја запре испораката на конзерви со боранија, откако една жена од Јута сведочела дека во пакување нашла глава од змија.
Мисти Мосер од Орегон, започнала да подготвува вечера за своето семејство, а кога започнала да ја прегледува замрзнатата боранија, освен боранија, од кесата испаднала и глава од змија. На прв поглед и изгледало дека се работи за боранија со необична форма, но набрзо сфатила што всушност држи во рацете.
– Забележав дека има усте, ноздри и мали ситни очи. Тоа дефинитивно не е она што сакав да го купам- вели Мосер.
Сопственикот на продавницата во која Мосер ја купила боранијата, планира да спроведе истрага кај доставувачите, што Мосер му ја вратила кесата со змијата.