Еден од деветмината обвинети за нелегална трговија со органи во клиниката „Медикус“ на Косово, денеска се изјасни за виновен за нелегални медицински активности.
Дритон Јиљта, кому му се суди за нелегална тровија со органи, признал дека е виновен по обвинението, во кое се товари за злоупотреба на службената должност и нелегална медицинска активност.
Неговото признание значи и признавање дека од Косово се вршела нелегална трговија со органи.
– Извесетен сум за последиците од моето изјаснување и која казна ќе ја добијам – рекол тој пред судот во Приштина.
Клиниката „Медикус“ која е затворена во 2008 година кога и почна истрагата, беше спомената во извештајот на Дик Мартин, како соработник на припадниците на Ослободителната војска на Косово, во трговијата со органи на киднапираните Срби и други заробеници во текот на 1999.
Покрај Србите, сиромашни луѓе од Турција, Русија, Молдавија и од Казакстан се привлекувани да дојдат во клиниката со лажни ветувања дека ќе добијат и до 15.000 евра за своите органи.