Избегал лекарот кои вадеше органи во Косово


Турскиот доктор Јусуф Сомнез, кој е обвинет за трговија со органи во Косово избегал од Јужноафриканската република, каде привремено бил во притвор.

frankenstajn

Тој откако беше посочен како главен играч на нелегалната трговија со органи во Косово преку приштинската клиника „Медикус“,  избега во Јужна Африка.

Доктор Франкенштајн, како што го нарекуваат медиумите беше притворен но неодамна избегал и сега нјверојатно повторно работи во некоја африканска земја. Има информации дека и во оваа земја отворил клиника за трансплантација на органи , пишуваат белградските медиуми.

Овие податоци ги потврдил и српскиот тужител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ.

-Јужноафриканската република не го признава правниот систем на Еулекс и затоа оваа земја не реагираше на барањето за екстрадиција на Сомнез. ЈАР не го признава Косово и затоа не можеле да го испорачаат на непостоечка држава- објаснува Вукчевиќ за весникот Вечерње новости.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1