Тројца припадници на Исламска држава уапсени се на Косово поради сомневање дека планирале терористички напади во Србија.
Косовската полиција ги приведе лицата поради формирање огранок на ИД во Косово и поднесе пријави против тројцата „повратници“ од Сирија поради поврзаност со ИД, пренесува МИА.
Трите лица живееле во Приштина, Гњилане и Урошевац. Еден од уапсените бил командир на борбена единица во Сирија која имала 11 членови, претежно од Косово, наведува за радиото неименуван извор од косовската Канцеларија на специјалниот обвинител.