Прогноза: претпладне сонце, попладне дожд


Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, кои во вечерните часови ќе се прошират кон исток. На места врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. На планините во западните делови кон крајот на денот врнежите ќе преминуваат во снег.dozd

Температурата ќе се движи од шест до 18 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 16 степени.

Слаб локален дожд ќе има и во петок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1