Во Косово уапсени тројца џихадисти кои планирале напади во Србија


Тројца припадници на Исламска држава уапсени се на Косово поради сомневање дека планирале терористички напади во Србија.Kosovska-policija-527

Косовската полиција ги приведе лицата поради формирање огранок на ИД во Косово и поднесе пријави против тројцата „повратници“ од Сирија поради поврзаност со ИД, пренесува МИА.

Трите лица живееле во Приштина, Гњилане и Урошевац. Еден од уапсените бил командир на борбена единица во Сирија која имала 11 членови, претежно од Косово, наведува за радиото неименуван извор од косовската Канцеларија на специјалниот обвинител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1