Во куферот на Тетовчанка пронајдени шишиња со кобри и шкорпии


Цариниците на аеродром “Никола Тесла” во Белград спречиле во Србија да биде внесено шише со егзотичен азиски пијалок со змија и скорпија. Инаку, ова представува начест сувенир којшто туристите знаат да го пренесат од егзотичните азиски дестинации.kralska-kobra-sisenca-m-storija-01-650x394

А целиот случај станува уште поинтересен бидејќи се работи за 27-годишната Марија од Тетово, којашто живее и работи во Скопје.

“Бевме на егзотична тура, на релација Шангај – Камбоџа – Виетнам, самоиницијативно, без агенција, со купени авионски карти и потрага по сместување на лице-место. А токму во Камбоџа е многу евтино да се купи едно големо шише ракија со кралска кобра. Истото ќе ве чини околу 10 долари, додека помалите чинат од 3 до 4 долари. Цените се сосема разбирливи бидејќи таму има многу кобри, па токму затоа ова е и најразумен и најоригинален сувенир којшто еден турист може да си го понесе од Камбоџа. Всушност јас сакав да купам и мало крокодилче, препарирано, ама токму поради страв да не се случи некаков проблем со граничните служби, таа идеја пропадна. Ако го понесев и овој сувенир, досега веројатно ќе бевме во затвор!”- изјави Марија.

Шишето со егзотичниот пијалок било пронајдено во нејзиниот куфер помеѓу останатите работи, а проблемот настанал поради фактот дека змијата му припаѓала на заштитен вид, па за пренос преку граница била потребна и посебна дозвола којашто таа не ја поседувала.

Но, Марија смета дека шишето и воопшто не е запленето, туку “присвоено”, за некој друг да си го чува како уникатен сувенир. Нејзиниот коментар е дека и покрај тоа што поминала 6 други авиони, никој не ѝ направил никаков проблем, сè додека не се соочила со цариниците во Србија.kralska-kobra-sisenca-m-storija-02

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1