Работници во кинескиот град Ксиан, градот познат по статуите на воини од теракота, пронашле во лифт кој бил исклучен 30 дена во периодот на кинеската нова година, леш на жена.
Според соопштението на локалните власти, истрагата покажала дека работниците ја исклучиле струјата на 30-ти јануари, а пред тоа не провериле дали има некој во лифтот. Телото на несреќната жена било пронајдено на 1-ви март.
Неколку лица од компанијата за одржување на згради и лифтови се уапсени поради убиство од небрежност. Тие се бранат дека нивните работници „потврдиле“ дека немало никој во лифтот пред да го исклучат, но полициските инспектори сметаат дена воопшто не била направена проверка, пишува весникот Caixin.
Според еден медиумски напис објавен во неделата, во лифтот се откриени траги од гребење со нокти и рани на рацете, што укажува дека до крајот се обидувала да ја отвори вратата на кабината. Се верува дека жената била на 43-годишна возраст и живеела сама, а нејзиното семејство сметало дека заминала некаде за празниците.