Управата за јавни приходи објави дека лани, во кладилниците во Македонија се уплатени скоро 200 милиони евра, анализира порталот Фактор.
Фантастичната бројка покажува дека Македонците уживаат во игрите на среќа.
Мала математика дава уште поинтересни резултати. Бројките покажуваат дека секој од вкупно 2 милиони Македонци колку што не има според последниот попис, годишно остава 100 евра во кладилница. Ако тука се земе предвид дека голем број од овие 2 милиони се деца и поворазни луѓе, но и жвени кои поретко се обложуваат, излегува дека еден просечен Македонец годишно на кладилницата и остава една просечна плата.
Дневно, во Македонија се уплаќаат по нешто помалку од 550.000 евра, а просекот вели дека секој Македонец дневно троши по 17 денари во кладилница.
И сега некој ќе рече дека од кладилницата е во ќар. Да, кај нас тоа е најчест вид на обложувачи. Но има и такви. Лани од кладилница се извадиле 156 милиони евра, што значи дека за обложувалниците останале нешто под 45 милиони евра.